Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО)ЦЕЛ КВАРТ ВО ГАЗА СРАМНЕТ СО ЗЕМЈА: Израел испрати получасовно предупредување да бегаат, а потоа урна 25 згради

(ВИДЕО)ЦЕЛ КВАРТ ВО ГАЗА СРАМНЕТ СО ЗЕМЈА: Израел испрати получасовно предупредување да бегаат, а потоа урна 25 згради

Израел срамни цел кварт во северниот дел на Газа, откако на семејствата што се уште таму им даде получасовно предупредување да бегаат, поради претстојната израелска копнена инвазија на Појасот Газа.

Уништена цела населба

Во Захра, град на северот, жителите рекоа дека цела населба од околу 25 високи згради е срамнета со земја. Добиле предупредувачки пораки на мобилните телефони за време на појадокот, но десет минути подоцна се случил напад со беспилотно летало, а половина час по првичното предупредување, борбени авиони Ф-16 ги срушија зградите во огромни експлозии и облаци од прашина.

„Сè што некогаш сум сонувал и мислев дека сум постигнал го нема. Во тој стан беше мојот сон, моите сеќавања со моите деца и мојата сопруга, тоа беше мирисот на сигурност и љубов“, изјави Али, жител на областа, во телефонски разговор со Ројтерс, одбивајќи да го даде целото име поради страв од одмазда. Канцеларијата на Обединетите нации за хуманитарни прашања соопшти дека повеќе од 140.000 домови - речиси една третина од сите домови во Газа - се оштетени, а речиси 13.000 се целосно уништени. 

Досега во нападите од Израел се убиени над 4.000 луѓе во Газа.


Слично

Поврзани вести