Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО18+) Вака сложни соседи во Кина спасуваа дете кое паѓа од 6-ти кат

(ВИДЕО18+) Вака сложни соседи во Кина спасуваа дете кое паѓа од 6-ти кат

Станари и случајни минувачи, сведочат за случка во Кина.

Тамошните медиуми пренесоа дека тригодишно дете кое паднало од шестиот кат е спасено благодарение на развлечениот чаршав со кој го ублажиле неговиот пад.

Снимката, која е дело на случаен минувач е јасен доказ дека детето виси на тераса на зграда во градот Чунгкинг. Тоа се обидувало да се врати назад на терсата но никако не му успевало, пренесе СиЕнЕн.


Под него се слушнале повици на луѓе и се забележува како неколкумина од нив брзаат напред со прекривка во раце.

Како се открива, детето прво го здогледал работник од компанијата која одржува згради на тоа подрачје.

Луѓето кои го спасиле тригодишното момче биле станари на зградата, обезбедување и санитарни работници. 

Сосед го однел детето во болница, а тоа поминало без потешки повреди.




Foto: Printscreen/Youtube


Слично

Поврзани вести