(ВИДЕО18+) ПРЕСМЕТКА СО ФБИ: Шокантно убиство за кое зборува цела Америка!
Американското Федерално истражно биро објави видео снимка од убиството на Роберт Финикум, кој е ликвидиран во пресметка со агентите на таа служба.
Финикум е еден од водачите на милицијата на Орегон, параполицискиот одред, а на шокантното видео се гледа како неговиот бел џип се обидува да ја заобиколи полициската блокада поставена на патот.
Финикум излегол од својот теренц со подигнати раце, но агентите го убиле на лице место бидејќи во тој момент изгледало како да се подготвува да го потегне оружјето.
Да потсетиме... Финикум бил еден од водачите на самопрогласената ореогонска милиција која извршила опсада на националниот резерват Малхер, но и барале од Владата на САД државно земјиште да им врати на локалните претставници.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/1sR1hGpZQ5U[/embed]