(ВИДЕО18+) НОВ МАСАКР ВО СИРИЈА: Џихадистите објавија снимки како убиваат над 300 луѓе!
Сириската влада денеска соопштила дека бунтовниците на „Исламска држава“ минатиот ден во Деир ел-Зору на истокот од Сирија убиле дури 300 луѓе, нарекувајќи го тоа како „ужасен масакр“.
Поголемиот број на убиените во синоќешната операција биле стари луѓе, жени и деца, објавила сириската државна новинска агенција „САНА“.
Тоа е еден од најголемите масакри кој го извршила „Исламска држава“, чии припадници го контролираат поголемиот дел од Сирија и Ирак.
Активистите раскажуваат дека џихадистите во Деир ел-Зиру убивале цели семејства, поради нивните наоди за соработување со сириската војска.
Нападот на ИСИС во Деир ел-Зору започнал пред неколку дена. Џихадистите со камера го снимале почетокот на нападот и потоа го објавиле на интернет.
Погледнете го вознемирувачкото видео како џихадистите го уништуваат Деир ел-Зору:
