Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО18+) „Исламска држава“ и објави војна на Саудиска Арабија со страшна егзекуција!

(ВИДЕО18+) „Исламска држава“ и објави војна на Саудиска Арабија со страшна егзекуција!

Групата „Исламска држава“ и објави војна на Саудиска Арабија, откако најбогатата држава во Блискиот Исток стана 34-тиот учесник во коалицијата против џихадисти.

Ова стана јасно од ново шокантно видео на кое борци на групата егзекутираат арабиец, бидејќи е колаборатор, соопштува "Мирор".

ISIS-Execution-Video

На позадината на видеото се гледаат коњи, летаат борбени авиони и експлозии, а џихадистите ја повикуваат Саудиска Арабија да се приклучи кон нив во Сирија. Тие го обвинуваат Ријад дека се приклучил кон коалиција на крстоносците.

На крајот тие покажуваат маж, облечен во сив џемпер, кој е застрелан во лицето.

Во видеото е прикажан и маж кој е казнет на борба со камшик.

Покрај Саудиска Арабија, и останатите муслимански земји, се вклучија во блокот против „Исламска држава“, а тие се Египет, Катар, ОАЕ, Либан, Турција, Малезија, Пакистан, земји од Заливот и од Африка.

„Споменатите земји се согласија да направат воена формација предводена од Саудиска Арабија, за да се борат против тероризмот преку центар за заеднички операции во Ријад, кој ги координира и поддржува воените операции“, се вели во нивно заедничко соопштение.

Подоцна Либан изјави дека не знае за таква коалиција и не давал согласност да учествува во неа.

Слично

Поврзани вести