Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО18+) Девојче си го изгоре пола тело: „Огнен предизвик“ се шири меѓу тинејџери

(ВИДЕО18+) Девојче си го изгоре пола тело: „Огнен предизвик“ се шири меѓу тинејџери

Опасен предизвик се шири меѓу тинејџерите, па сите родители би требало ги демнат и следат своите деца.

Ужасна приказна раскажала мајката на 12 годишната Тимија Лендерс за Fox2 Детроит.

Имено, на Тимија и изгореле 49 отсто од телото откако прифатила предизвикот на Јутјуб, снимена е завиена во завои од глава до пети.

Што всушност претставува „Огениот предизвик“?

Тоа е предизвик кој ги повикува децата да се полеат со запалива течност, а потоа да се запалат. 

Тимија и нејзините две другарки го направиле тоа во петокот минатата недела во нејзината ќука во Детроит откако нејзината мајка легнала да одмори претходно подготвувајќи им палачинки.

Ја разбудила силна експлозија и кога излегла од собата ја видела ќерка си како трча во ходникот и била во пламен од колената до косата - раскажала мајката за Фокс 

Не им помогнал ниту тушот а изгорениците и биле толку сериозни што лекарите морале цела да ја завиткаат во гипс.

Лекувањето на девојчето кое е приклучено на апарати за дишење ќе трае со месеци а лекарите претпоставуваат дека Тимија се испрскала со дезодоранс и се запалила.

„Огениот предизвик“ на Јутјуб датира од 2012 година. Доденес има повеќе од 100 000 прегледи и е поттикнувач на многу тинејџери кои за да им докажат на пријателите дека се храбри прифаќаат секакви предизвици.


Слично

Поврзани вести