Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО18+) БРУТАЛНО УБИСТВО: Каменувана Авганистанка поради водење љубов пред брак!

(ВИДЕО18+) БРУТАЛНО УБИСТВО: Каменувана Авганистанка поради водење љубов пред брак!

Радио слободна европа објави видео од каменувањето на 19-годишната Авганистанка во централната провинција Гор. Двеминутниот видео запис покажува група на мажи како фрлаат со камења по младата жена закопана во земја.

На видеото може да се видат и набљудувачи кои бруталната сцена ја снимаат со телефон додека малдата девојка моли за помош.

Локалниот службеник Мухамед Заман Аџими за овој крвав инциндент ги обвинува талибанските милитанти. Според неговите зборови, 19-годишната Роксана е каменувана до смрт поради оптужба дека имала предбрачен секс со 23-годишниот верник Мохамед Гулом кој е казнет со фрлање.

Не е јасно зашто девојката ја добила строгата казна, иако е познато дека талибанските религиски судови се поблаги спрема машките.

Аџими појаснил дека казната е извршена во селото Галмин над главниот провинциски град Фироз Кох. Младиот пар најверојатно побегнал од своето семејство во потрага по место за нивното венчавање.

Провинциската гувернерка Сема Јојенда, една од двете гувернерки во Авганистан, изјавила дека станува збор за „прв, но највероватно не и последен“ таков инцидент во Гора оваа година.

„Жените генерално имаат проблем во цела земја, но во Гора преовладуваат конзервативни ставови, ијзавила таа.

„ББС“ пишува дека слична е ситуацијата во цел Авганистан. Жена по име Фаркхунда во март годинава е нехумано претепана и потоа запалена во центарот на Кабул по што била обвинета дека го запалила куранот. Убиството предизвика протести во Авганистан и осуда од целиот свет.

Погледнете го видеото:

Слично

Поврзани вести