(ВИДЕО) ЗВУКОТ НА СТРАВОТ: Овој инструмент е виновен за некои од вашите трауми од детството
Можеби името „Waterphone“ нема многу да ви значи, но сепак гарантирано барем еднаш во животот се го слушнале звукот на овој интересен инструмент. Овој инструмент е познат и под името „океанска харфа“, а го измислил Ричард Вотерс.
Инструментот се состои од челично резонаторска „чинија“ со цилиндрична дршка и бронзени „шилци“ со различна должина кои се распоредени на работ од чинијата.
Во внатрешноста на резонаторот се наоѓа мало количество вода кое овозможува создавање на специфични звуци кои се користат во голем број филмови.
Некои од филмовите во кои е користен овој инструмент се серијалот филмови „Полтергајст“, „Пуштете да влезе вистинскиот“, а инструментот е користен и при снимањето на делови од филмот „Матрикс“.
[embed]http://www.youtube.com/watch?v=9d1yDCWicf0[/embed]
Слично
