ВИДЕО: ЖУРКА НАД ПРОВАЛИЈА: Ова е убедливо најлудиот фестивал на светот!
Прв ваков фестивал е организиран во 2012 година, од страна на Алесандра д'Емилије и Армин Холцер, кои сакале да ги споделат спектакуларните глетки од Монте Пиана со други екстремни спортисти.

Покрај тоа што уживаат во времето на висечки лежалки за спиење, кои се поставени на повеќе стотина метри над преубавиот планински предел на италијанските Алпи, Монте Пиана има уште некои погодности како традиционални собири, барови, кујни, јога работилница, па дури и параглајдинг летови.

Фестивалот е екстремен колку и спортовите со кои учесниците се занимаваат, но и не толку опасен како на пример одење по жица.


Јажињата со кои посетителите се врзани пружаат можност на движење од една на друга страна, горе и доле, со што е овозможено многу поголемо уживање и мобилност.


Фестивалот обично се одржува во септември и трае седум дена.
Погледнете го видеото:
