(ВИДЕО) Зошто е важен мостот кој Украинците го кренаа во воздух?
Украинците кренаа во воздух важен мост, со што ќе им ги поматат сметките на Русите.
Мостот ги поврзуваше првите борбени линии во Запрожје. Ова го потврди Антон Герашченко од украинското Министерство за внатрешни работи. Тој објави дека украинските сили го погодиле железничкиот мост кај Мелитопол. Шетата е голема, а тоа го признаа и Русите. Тие тврдат дека загинале неколку лица.
Селото Светлотолинско е лоцирано на 35 километри северно од Мелитопол.
Шефот на окружната управа на Мелитопол, Андреј Сигута, на новинарите им потврдил дека нападот е извршен, по што избувнал пожар. Рече дека на местото на нападот се испратени екипи за итна помош.
„Украинските војници истрелаа ракети кон патниот мост на реката Молохна во областа Мелитопол, предизвикувајќи жртви и повредени“, изјави член на управниот совет на запрошкиот регион, Владимир Рогов.Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија се обидува да ја развлече војната и дека Украина треба да ги забрза настаните и снабдувањето со оружје. Војната почна на 24 февруари лани.
Ukrainian Army hit a railway bridge near occupied Melitopol today with HIMARS. The bridge was important for connecting Melitopol with the frontlines in Zaporizhzhia region.
The destruction is significant, Russian soldier admits. pic.twitter.com/tBuDmKuM4e
