Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ЖИВОТОТ ВО ГАЗА Е ПЕКОЛЕН: Палестинците палат оган меѓу урнатините за да се загреат

(ВИДЕО) ЖИВОТОТ ВО ГАЗА Е ПЕКОЛЕН: Палестинците палат оган меѓу урнатините за да се загреат

Во Газа животот се одвива под тешки околности. Зимата, ниските температури и врнежите од дожд, ги принудија жителите да запалат оган сред урнатините за да се загреат.

Договорот меѓу Израел и палестинската терористичка група Хамас овозможи ослободување на повеќе од 50 жени и деца заробени во Газа во замена за ослободување на најмалку 150 палестински жени и деца кои се наоѓаат во израелските затвори.

Досега Хамас ослободи 40 израелски заложници. Некои од нив имаат двојно државјанство, меѓу кои и 4-годишната Абигејл Едан, која е американско-израелска државјанка. Израел ослободи 117 жени и деца. 

Примирјето во Газа продолжува уште два дена.  Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Катар, Мајед ал Ансари, објави дека е постигнат договор за продолжување на хуманитарниот прекин на огнот за дополнителни два дена во Појасот Газа. Хамас на 7 октомври почна со напади на Израел. 

foto Twitter


Слично

Поврзани вести