Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Жители на Гренада ноќта ја поминаа на отворено или во автомобили по серијата земјотреси

(ВИДЕО) Жители на Гренада ноќта ја поминаа на отворено или во автомобили по серијата земјотреси

Земјотреси ја погодија Шпанија. Силен земјотрес го прекрши полицискиот час во земјата. Многу жители на Гранада ги напуштија своите домови по потресите ноќта ја поминаа на отворено или во своите автомобили.

Најсилниот земјотрес беше со 4,3 степени според Рихтеровата скала. Првиот земјотрес е регистриран во 21.36 часот по локално време, а потоа за само половина час земјата се тресеше уште четири пати. Нема информации за повредени и за предизвикани штети.

Утрово земјотреси имаше и во Македонија, во Маврово. 

Потреси денеска имало во Турција, Швајцарија, Грција, Хрватска, Сирија и други земји. 


Фото: EPA-EFE/Miguel Angel Molina


Слично

Поврзани вести