(ВИДЕО) Жртвите во Непал се пет, во Индија – двојно повеќе
Почнаа да се појавуваат првите податоци за човечки жртви по тешкиот земјотрес од 7,4 степени по Рихтер во Непал и последователните потреси со магнитуда од 4.2 до 6.2. Според шефот на полицијата во Катманду Камал Синг Бан, седум лица досега се пронајдени мртви. Затворен за летови е и аеродромот во градот, објави „Прес траст оф Индија“.
Три од жртвите се во главниот град, останатите - во централниот дел на Непал. Настрадани и повредени се 150 лица. Од полицијата очекуваат бројот на загинатите да се зголеми, бидејќи до моментот информациите од сите делови на земјата не пристигнала.
Жртви има и во соседна Индија. Поради земјотресот властите го прекинаа со работата метрото во Њу Делхи и Калкута. Во државата Бихар има урнати згради и засега се пријавени за 10 загинати под урнатините.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/k5MQR5alsS4[/embed]