(ВИДЕО ЖИВО) ПОТЕГ ЗА ИСТОРИЈА: Една од најголемите вселенски мисии на човештвото!
Европската вселенска сонда „Розета“, лансирана во 2004 година, стигна во орбитата на кометата 67П Чурјумов-Герасименко на 6 август годинава. Таа цели 10 години ја „бркаше“ кометата со цел денеска да се спушти на нејзината површина, што треба да претставува огромно достигнување на човекот во освојувањето на Вселената.
Научниците се надеваат дека оваа мисија ќе им помогне да дознаат повеќе за еволуцијата на небесните тела, па дури и да ја откријат мистеријата на настанок на животот на нашата планета.
Ова е прва мисија од ваков тип во историјата на човештвото, во која заеднички учествуваат Европската вселенска агенција и НАСА. Мисијата ги помина последн ите проверки и издадено е одобрување за слетување на кометата, а конечната потврда за слетување се очекува околу 15 часот.
Доколку се оди по планот, сонда треба да се одвои од „розета“ и еден час подоцна да стигне на површината на кометата, каде што мал робот под името „Филе“ ќе се зацврсти со помош на харпуни и штрафови. По слетувањето, првата задача на Филе ќе биде да испрати слики од своето опкружување, со што човештвото за првпат ќе добие снимка од површината на една комета.
Историското слетување следете го на следниот ЛИНК во живо.
Слично
