Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Жестоки судири во тек во околината на Дебаљцево, проруски сили го контролираат градот

(ВИДЕО) Жестоки судири во тек во околината на Дебаљцево, проруски сили го контролираат градот

Украинските сили за безбедност водат борби со силите на Доњецка Народна Република како би се извлекле од обрачот кај градот Дебаљцево во регионот на Доњецк.

Во опкуружувањето се наоѓаат помеѓу 7000 и 10 000 украински војници.

Заменик командирот на силите на ДНР Едбард Басурин рекол дека непријателот се обидува да го пробие обрачот во Дебаљцево и да излезе од опкружувањето, или обратно, да ги развијат своите сили во правец на градовите.

Шефот на ДНР ги повикал вооружените украински трупи во реонот на Дебаљцево да го предадат оружјето. Тој им ветил на украинските сили кои ќе се предадат ќе им бидат поштедени животите.

Дебаљцево е град со популација од 45 000 жители и се наоѓа на околу 55 километри североисточно од Доњецк.

Претходно беше јавено дека конвој со хуманитарна помош ја преминал границата помеѓу Русија и Украина и тргнал на исток кон Доњецк и Луганск.

Слично

Поврзани вести