(ВИДЕО) Жестоки протести во Хонг Конг – страда берзата!
Десетици илјади демонстранти излегоа на улиците на Хонг Конг, ги зазедоа централните делови на градот и практично кампуваат пред зградата на Владата. Затворени се сите училишта и банки.
Причината за протестите е незадоволство со промените во политичкиот систем, според кои на Хонг Конг се дозволуваат непосредни избори, ама само за оние кандидати кои претходно ќе ги одобри Пекинг.
Протестите започнаа како студентски, но по недела дена добија на интензитет откако им се приклучија и многу други граѓани, незадоволни од промените.
Демонстрациите ги предводи тинејџер - 17 годишниот Џошуа Вонг, кој со активизам се занимава од 15-тата година, кога стана еден од лидерите на студентското движење.
http://www.youtube.com/watch?v=dGSSMS9HUR8
Полицијата објави дека во протестите до сега се уапсени 78 лица, додека 26 се повредени. Вчера беше употребен и солзавец за да се растераат демонстрантите. Утрово полицијата се повлекла, но граѓаните одбиваат да го направат истото и ноќта ја поминаа на улиците.
http://www.youtube.com/watch?v=T2vOy1XArb8
Вредноста на акциите на берзата во Хонг Конг денеска опадна за 1,18% заради немирите, кои сериозно го нарушија сообраќајот и економските активности.
Хонг Конг, некогашна британска колонија, денеска е под посебна административна управа на Кина и функционира на принципот „една земја, два политички системи“. Има висок степен на автономија во сите области, освен во одбраната и надворешните работи.
Слично
