(ВИДЕО) ЖЕСТОКА БОРБА: По Рака и Фалуџа џихадистите го предадоа и Сирт!
Либиските сили соопштија дека го вратиле под контрола пристаништето во градот Сирт, после жестоки борби со припадниците на Исламска држава.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/MueLt8N7IvY[/embed]
Сирт е најзначајното место на џихадистите надвор од Ирак и Сирија.
Бригадите кои воглавно се состојат од борци од Мисратите оваа недела во борбата против силите на ИД оствариле значаен напредок кон центарот на Сирт, во рамки на офанзивата која ја покренале минатиот месец.
Во почетокот на оваа недела либиските авиони почале да ги бомбардираат позициите на ИД во Сирт додека воената морнарица ги нападнала џихадистите од море, наведуваат либиски претставници, додавајќи дека офанзивата продолжува.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/1w4Uq-xzXxk[/embed]
Исламска држава почнала да се шири во Либија во 2014, но оттогаш тешко успеваат да ја задржат дотогаш освоената територија или да добијат поддршка и во други делови од Либија.
Тој град со години се сметал за најголемо жариште на приврзаниците на убиениот лидер на Либија Муамер ел Гадафи.
Слично
