Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Жени пристапуваат масовно во сириската војска, за да се борат со џихадистите 

(ВИДЕО) Жени пристапуваат масовно во сириската војска, за да се борат со џихадистите 

За масовниот прилив на сириски жени во војната раскажува репортажата на рускиот сајт „lifenews.ru“. Со тоа тие не се само сестри и сопруги на загинати војници од сириската армија.

Во одредот се околу 100 девојки. Униформите и калашниците се во нивни раце, како и вештините со ракувањето на оружјето не ги разликуваат од останатите борци. Ги издаваат само женските гласови и благодетното одење.

Некои пријатели ја прашале војничката Зелал: „Зошто, девојко, одиш во планините?“ А таа им одговарила: „Заштитата на родната земја е моја должност, јас тука сум се родила и израснала, за мене е невозможно да ја оставам својата земја“. Во 2011 година девојката го избришала маникирот и земала во раце автомат.

Нејзиниот татко загинал, останале нејзините пет браќа, сестра и мајка, Зелал се чувствува одговорна за нив.

Пред девојките да го земат во раце оружјето, задолжително поминуваат курс за подготовка. Заедно со другите борци се учат да се кријат и маскираат, да упаднат, дури тогаш ќе бидат спремни за бојното поле. Уште по првите борбени судири за Зелал и нејзините другарка продолжиле неколку дена.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/tx7cSiXRWVM[/embed]
Слично

Поврзани вести