(ВИДЕО) ЖЕНА- ШПИУН НА ИСИС: Цела година тајно ги снимала џихадистите и сѐ објавила
Муслиманка од Велика Британија, користејќи го имате Ајша, помина една година на тајна задача и ги снимала џихадистите.
Таа неколку месеци објавувала твитови на кои дава поддршка на радикалниот Ислам, а потоа добила совет да отпатува во Сирија и да се придружи на Исламската Држава.
Таа комуницирала со приврзаници на ИСИС кои нуделе финансиска поддршка и авионска карта за да отпатува во Сирија.
Ајша продолжила да комуницира и со три жени кои биле наклонети кон терористичката група.
На крајот таа контактирала и со Абу Халем, радикален исламист кој беше уапсен за тероризам и регрутација.
Тој ја упатил да им се придружи на жените кои правеле обука за приврзаниците на ИСИС во Лондон.
Таму ја запознала жената која ја пратела на Твитер последните осум месеци. Нејзиното име било Ум Усман која се претставила како советничка за професионална ориентација. По неколку дена Ајше била повикана да се придружи во групата за учење и обука, како приврзаник на џихадистите.
Нејзиното патешествие постојано го снимала со камера и на крајот го објавила како филм под името "ISIS: The British women supporters Unvelied".
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/51nsdObM1Ok[/embed]