Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ЗГРАДАТА Е ОД 15 ВЕК, ИМА МУЗЕИ, БИБЛИОТЕКА, КАПЕЛА: Ова е резиденцијата на Папата

(ВИДЕО) ЗГРАДАТА Е ОД 15 ВЕК, ИМА МУЗЕИ, БИБЛИОТЕКА, КАПЕЛА: Ова е резиденцијата на Папата

Новиот Папа Лав XIV сега живее во станот каде што престојувал како кардинал, во Палацо Сант’Уфицио.

Становите не се вселени повеќе од 10 години. Папата Франциск одлучи да живее во скромна куќа за гости во Ватикан. Лав XIV може да ги следи неговите стапки, или сепак може да се одлучи за Апостолската палата во Ватикан. Работниците задолжени за реновирањето ќе можат да влезат доколку е потребно, пишува „Кориере дела Сера“.

Зградата е од 15 век и вклучува канцеларии, музеи, библиотека и Сикстинската капела. 

Апартманите се наоѓаат на третиот кат од Апостолската палата. Ходникот што води до станот е покриен со мурали со мапи. Оваа област е позната како Трета Ложа.

Папата го посети просторот што би можел да стане негов нов дом во недела. Собите се големи. 

Лав XIV ја видел и приватната капела на становите, која била фотографирана во 2004 година кога неговиот претходник Јован Павле II се молел таму за жртвите од бомбашките напади во Мадрид.

фото принтскрин


Слично

Поврзани вести