Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ЖЕСТОКИ БОРБИ: Русија потврди дека се војува во два округа

(ВИДЕО) ЖЕСТОКИ БОРБИ: Русија потврди дека се војува во два округа

Русија соопшти дека продолжуваат борбите во два округа. 

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека нивните сили продолжуваат со борбите со украинските војници во пограничните области Суџак и Кореневски во областа Курск.

Русија соопшти дека најмалку 1.000 украински војници, поддржани од тенкови и оклопни возила, влегле на нивна територија. 

Рускиот државен железнички оператор Московски железници објави дека станиците Сужа, Коренево и Псел во регионот Курск се „привремено затворени за патници“ поради тековните борби во регионот, објави руската државна новинска агенција РИА Новости.

Фотографиите и видеата објавени на проукраинските канали се чини дека покажуваат како руските војници масовно се предаваат во Курск, а украинските сили наводно заробиле дури 60 од нив. Инцидентите се случиле на 6 и 7 август во близина на границата. 

Инаку, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека украинската армија знае да изненади. Руската инвазија на Украина почна пред две и пол години. 


Слично

Поврзани вести