Економија, финансии, бизнис

Контакт

Видео: Жесток судир меѓу израелската полиција и ортодоксните Евреи

Видео: Жесток судир меѓу израелската полиција и ортодоксните Евреи

Израелската полиција на жесток начин реагираше откако поголема група на ортодоксни Евреи се собра на протест во Ерусалим против задолжителната воена регрутација. Полицијата употреби воени топови или популарно наречени „шмркови“ за да ги растера демонстрантите. Во таква една интервенција по грешка со млаз вода беше погодена жена која не беше дел од протестите туку се обиде да претрча преку улицата, но летна во воздух од силината на водениот топ. 

Ортодоксните Евреи се против служење на воен рок што според нив не е во согласност со верските учење. Сепак, Израел има строги политики за колективна одбрана од тероризам и надворешни непријатели, па така сите работноспособни мажи и жени се законски обврзани да служат воен рок во униформа, а потоа дел од службата кон државата може да ја поминат во „цивилка“. 

Израелските одбранбени сили имаат различни договори со одредени верски ортодоксни групи на кои им е одобрено додека го служат воениот рок да ги практицираат нивните религиозни обреди и ги почитуваат обичаите согласно можностите на терен. 

Сепак, дел од ортодоксните заедници воопшто не сакаат да се еманципираат на никаков начин и се судираат со власта во повеќе прилики каков што беше и овој протест што доведе до силна реакција на полицијата. 

Слично

Поврзани вести