Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ЖЕСТОК НАПАД НА ЧЕРНИХИВ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН, ЗАГИНАА ПЕТМИНА, РАНЕТИ 11 ДЕЦА: Центарот е гранатиран со балистичка ракета

(ВИДЕО) ЖЕСТОК НАПАД НА ЧЕРНИХИВ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН, ЗАГИНАА ПЕТМИНА, РАНЕТИ 11 ДЕЦА: Центарот е гранатиран со балистичка ракета

На жителите на Чернихив во северна Украина им беше кажано да останат во засолништа откако градот беше под руски напад.

„Непријателот го гранатираше центарот на Чернихив. Веројатно со балистичка ракета. Останете во засолништата. Деталите ќе бидат објавени подоцна“, рече регионалниот гувернер Вјачеслав Чаус на Телеграм.

Украинскиот претседател, кој е во Шведска на разговори, сподели видео од уништувањето во северниот град. Соопштено е дека во нападот загинале пет лица, а 37 се ранети. Меѓу ранетите има и 11 деца.

-Еве што значи да се живее покрај терористичка држава. Ова е она против што го обединуваме целиот свет.

Денеска руска ракета го погоди срцето на Чернихив. Плоштадот, Универзитетот и театарот. Русија ја претвори обичната сабота во ден на болка и загуба. Има жртви. Моето сочувство до сите што изгубија близок. Сите служби се на терен. Спасувачи, полиција, лекари, напиша Зеленски.

Меѓу зградите оштетени во нападот рано утринава, оштетени се и универзитетската зграда и театарот.


Слично

Поврзани вести