Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Жена загина во експлозија на плоштадот во Техеран за време на демонстрации

(ВИДЕО) Жена загина во експлозија на плоштадот во Техеран за време на демонстрации

Жена загина во експлозија во близина на плоштад во Техеран што се случи за време на демонстрации по повод Денот на Ал Кудс.

Жената им подлегнала на повредите од шрапнели. Шефот на иранскиот Национален совет за безбедност, Али Лариџани, кој присуствуваше на протестот, реагираше на веста за нападот. Тој рече дека нападот на маршрутата на протесот го  покажува очајот на Израел и на САД.

„Трамп не е доволно паметен да види дека иранскиот народ е зрел, силен и решителен. Колку е поголем притисокот од САД, толку е посилна волјата на народот“, изјави Лариџани за државната телевизија ИРИБ.

Иранската телевизија објави снимка од силна експлозија близу еден од плоштадите во Техеран, каде што се одржуваа демонстрации.  Во моментот кога почна да се издигнува чадот демонстрантите почнаа да скандираат  „Смрт за Америка“, „Смрт за Израел“ и „Ниту компромис ниту предавање, борете се против Америка“.

Новинската агенција Тасним соопшти дека експлозијата е предизвикана од „американско-израелско бомбардирање“.

На 28 февруари годинава Израел и САД почнаа со напади на Иран. 

foto printskrin youtube


Слично

Поврзани вести