Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ЖЕНА ЗАГИНА НА ПРОТЕСТ: Демонстрантите извикуваа „Макрон е диктатор“

(ВИДЕО) ЖЕНА ЗАГИНА НА ПРОТЕСТ: Демонстрантите извикуваа „Макрон е диктатор“

Жена на возраст околу 50 години загина денеска на протестот во Париз организиран поради зголемување на цените на горивата.

„Жената загинала од удар од автомобил кога една мајка со дете се испаничила кога учесниците на протестот го опколиле нејзиното возило и почнале да удираат по него“, соопшти француската полиција.

На протестот се повредени повеќе од 47 луѓе, од кои тројца се во критична состојба, а приведени се 24 лица.

Низ цела Франција денеска се одржуваат протести поради зголемување на цените на горивата. Учесниците на протестите носат жолти елеци и извикуваат: „Макрон е диктатор“.


Слично

Поврзани вести