Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Жена во Појасот Газа се обидува да се спаси од урнатините

(ВИДЕО) Жена во Појасот Газа се обидува да се спаси од урнатините

Жена под урнатините во Појасот Газа се обидува да се спаси.

Снимено е видео на кое се гледа како жената се обидува да се извлече од урнатините. Се гледа нејзината рака, додека другите луѓе зборуваат наоколу. 

Видеото можете да го видите тука. 

Израел го правда бомбрадирањето на цивилните објекти со обвинување дека во нив се кријат припадниците на терористичката организација Хамас. Луѓето во Газа постојано копаат со раце и бараат тела под урнатините.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во разговор со израелскиот претседател Исак Херцог во Тел Авив изјави дека постојат две опции за Блискиот Исток: или да се избере патот на интеграција, соработка, нормализација и еднакви права и можности за сите народи, вклучително и Палестинците или другиот пат на терор и уништување кој не води никаде.

Нападите на Хамас врз Израел почнаа во саботата, а Израел соопшти дека загинале 222 нивни војници. 

Појасот Газа нема да добие електрична енергија, вода и гориво се додека заложниците не бидат на слобода порачаа израелските власти. Жени, деца, израелски војници и странски државјани се меѓу 150 те заложниици.

Властите во Газа денеска објавија ажурирани податоци за убиените во израелските воздушни напади, јавува Скај Њуз. Како што соопшти локалното Министерство за здравство во изминативе денови загинале 1.417 луѓе, меѓу кои и 447 деца и 248 жени.


Слично

Поврзани вести