(ВИДЕО) Жена упадна во програма во живо и порача дека Русите се против војната во Украина
Програмата во живо на руската државна телевизија ја прекинала една демонстрантка која мавтала со транспарент со натпис: „Не за војна, сопрете ја војната". На снимката која станала вирална се гледа како жена влегува во кадарот зад водителката на информативната програма „Vremya" на Првиот канал, пренесува BBC.
„Не верувајте на пропагандата, ве лажат, Русите се против војната“, пишува понатаму на плакатот кој го носела.
Демонстрантката се вика Марина Овсјаникова и наводно е вработена во телевизијата. Во Русија имаше и анти воени демонстрации, на кои имаше голем број уапсени. Русија на 24 минатиот месец ја почна војната во Украина.
Слично
