Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Жена монструм избоде деца во градинка, граѓани на лице место ја тепаа

(ВИДЕО) Жена монструм избоде деца во градинка, граѓани на лице место ја тепаа

Жена монструм на возраст од 39 години со нож рани 14 деца во кинеска градинка. 

Повредените деца се однесени во болница, а случајот се истражува.

Полицијата соопшти дека жената, која е веќе уапсена, со нож повредила 14 деца во градинка во Чонгчин, град на западот во земјата со 30 милиони жители.

Луѓето кои биле на местото на настанот ја нападнале жената. Тие ја клоцале, плукале и гаѓале со предмети. 

Во Кина често се случуваат вакви напади, а последниот беше фатален. 

Напаѓач во април уби 9 ученици во едно училиште во земјата.

Во 2010 година, три деца и нивниот учител се убиени во напад на една детска градинка на истокот на Кина. 

Истата година, седум деца и една учителка беа масакрирани при напад на градинка во северозападна Кина. Мажот кој го изврши делото доби смртна казна. 

Во 2010 година, маж се самоуби  откако претходно нападна деца во градинка во Џинан, во кинеската провинција Шандун. Тоа беше трет напад во три дена. 

Овие напади создадоа притисок во јавноста во Кина. 


Слично

Поврзани вести