Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Жена ја гаѓаше со јајца германската министерка Баербок

(ВИДЕО) Жена ја гаѓаше со јајца германската министерка Баербок

Жена ја гаѓаше со јајца, германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок. 

Таа вчера била на предизборен митинг во Вупертал кога жена гаѓала со јајца по неа, јавува Н1. На видеото се гледа како Баербок го избегнува јајцето. Министерката рече дека секој има право на мислење, но дека тоа што го прави жената не е најдобар начин. 

Бербок денеска пристигна во ненајавена и ненадејна посета на градот Буча близу Киев во Украина, каде се одвиваа нерасчистени убиства на цивили и потенцијален геноцид. Во обиколка на градот со главниот обвинител на Украина, Баербок рече дека одговорните за убиствата треба да се соочат со правдата. И претходно, се случувало граѓани да гаѓаат европски политичари, со јајца или домати. Неодамна таков напад му приредија граѓани на париско предградие на францускиот претседател Емануел Макрон. 

фото: твитер/принтскрин


Слично

Поврзани вести