Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Земјотреси во Јапонија, најмалку десет повредени

(ВИДЕО) Земјотреси во Јапонија, најмалку десет повредени
Повеќе од 10 лица се повредени во два земјотреси со интензитет од 6,8 степени по Рихтеровата скала, кои го погодија северот на јапонската префектура Нагано. Повредени се жители на селото Хакуба, каде се урнале неколку куќи. Се претпоставува дека под урнатините се наоѓаат уште лица, до кои спасувачите се обидуваат да стигнат. http://www.youtube.com/watch?v=Xm6EZ6q89hg#t=57 Првичните информации се дека се забележани дефекти на водоводната мрежа и на системот за греење во погодената област. Претставник на главната метеоролошка служба на Јапонија соопшти дека можат да се очекуваат нови потреси уште една недела. Епицентарот на земјотресот се наоѓал на длабочина од 10 километри. Привремено бил запрен сообраќајот на експресните возови.  
Слично

Поврзани вести