ВИДЕО:Земјотреси повторно го стресоа Еквадор
Оваа ноќ Еквадор повторно го стресоа два земјотреси со јачина 6 и 5,8 степени по Рихтер.
Според податоците на метеоролошката опсерваторија на Хонгконг, епицентарот е на 74 километри североисточно од градот Манта во провинцијата Манаби. Земјотресот бил на длабочина од 100 километри под морското дно. Не се соопштува за жртви и причинета материјална штета. Само пред два дена земјата имаше земјотрес, а сега повторно се случува истото. Штетите од минатата недела се проценуваат на околу 3 милијарди долари. За обнова на земјата ќе бидат потребни неколку години.
Претседателот на Еквадор, Рафаел Кореа, на Твитер објави дека се регистрирани три последователни потреси и им порача на граѓаните да соберат сила.
Во земјотресите кои ја погодија земјата повеќе од 23.500 луѓе останаа без своите домови.
[embed width="700" height="450" ]http://youtu.be/JE4hN3-FQBs[/embed]