Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Земјотрес уништи цели села во Авганистан - очевидци велат дека деца има под урнатините

(ВИДЕО) Земјотрес уништи цели села во Авганистан - очевидци велат дека деца има под урнатините

Бројот на жртви во земјотресот во Авганистан надмина 800.

Повеќе од 2.800 луѓе се повредени, соопшти портпарол на владата на Талибанците. Земјотресот со јачина од 6 степени по Рихтер се случи во недела навечер, околу 23:30 часот по локално време, во покраината Кунар. Епицентарот бил во близина на градот Џалалабад, во близина на границата со Пакистан, на длабочина од десет километри.

Министерството за внатрешни работи на Талибанците информира дека повеќе од 600 загинати се регистрирани токму во Кунар, а најмалку десет жртви има во соседната провинција Нангархар. Многу села се целосно уништени. Според очевидци, деца има под урнатините. 


Слично

Поврзани вести