(ВИДЕО) Земјотрес со магнитуда 5,5 според Рихтер ја погоди Кина, евакуирани речиси 200 жители
Најмалку 13 лица се полесно повредени по земјотресот што го погоди округот Гаосјан, во градот Јибин, во југозападната кинеска провинција Сечуан.
Потресот бил со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала, а според локалните власти, повредените лица биле пренесени во болница каде им била укажана медицинска помош.
По земјотресот, 196 жители биле евакуирани од погоденото подрачје и привремено сместени на безбедни локации.
Кинескиот центар за земјотреси соопшти дека потресот бил регистриран утринава во 00.12 часот по локално време. Епицентарот бил на длабочина од околу шест километри.
Локалните служби за вонредни состојби се на терен и работат на проценка на штетите, како и на расчистување и обезбедување на погодените места.
Кинеската администрација за земјотреси активирала трет степен на итен одговор, додека властите продолжуваат да ја следат состојбата во регионот.
