(ВИДЕО) ЗЕМЈОТРЕС: Производи летаат на сите страни во продавница
Потрес од 5,4 степени вчера ја зафати централна Колумбија, а земјотресот се почувствувал и во престолнината на земјата, околу 350 километри од епицентарот.
Американскиот гоелошки институт соопштил дека епицентарот на земјотресот е регистриран 13 километри од градот Санта Марија, на длабочина од 19 километри под површината на земјата.
Дел од луѓето се евакуирани од канцелариите и станбените згради.
На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа дека од потресот се тресат светилки, како и дека работите летаат на сите страни во продавниците.
Слично
