(ВИДЕО) ЗЕМЈОТРЕС ОД СЕДУМ СТЕПЕНИ: Што остави зад себе?
Aлјаска ја стресе многу силен земјотрес.
Се работи за потрес од седум степени, а кратко по потресот е објавено и предупредување за цунами на јужното крајбрежје.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 41 километар и на оддалеченост од 12 километри од Енкориџ, најголемиот град на најсеверната американска сојузна држава.На Алјаска годишно просечно има по 40.000 земјотреси, а поголемиот број од нив се силни. На 27 март 1964 година на Алјаска беше регистриран најсилен земјотрес во историјата на САД, со интензитет од 9,2 степени. Епицентарот на земјотресот бил околу 120 километри источно од Енкориџ, а потоа уследи цунами, при што загинаа околу 130 луѓе.
Слично
