(ВИДЕО) Земјотрес на сред игра, седмиот најдобар играч на светот избезумено гледаше
Необична сцена на АТП тенискиот турнир во Акапулко, каде настапуваат најдобрите играчи на денешницата.
Земјотрес се случи за време на одигрување на поен на натпреварот помеѓу Александар Зверев и Доминик Коефер во полуфиналето на АТП турнирот во Акапулко. Сепак играчите не запреа да играат. Откако го завршија поенот, следеа избезумени погледи со прашањето „што беше ова?“.
Имаше кратка пауза додека земјата не се смири. Епицентарот на земјотресот бил на брегот на Пацификот, каде се наоѓа Акапулко, со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала.
Слично
