Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ЗЕМЈАТА СЕ ТРЕСЕ ПОД НЕГОВИ НОЗЕ: Јужнокорејци направија робот копија на човек!

(ВИДЕО) ЗЕМЈАТА СЕ ТРЕСЕ ПОД НЕГОВИ НОЗЕ: Јужнокорејци направија робот копија на човек!

Јужна Кореја направи огромен робот налик на човек, кој и оди како човек, меѓутоа, поради големата тежина тие чекори предизвикуваат тресење на тлото.

Роботот кој е нареченн Метод 2 го дизајнирал ветеран од научно фантастичните филмови, а е висок четири метреи и тежок еден и пол тон.

Оваа креација на робот како човек, неверојатни личо на воените роботи од филмот „Аватар“, а неговите творци тврдат дека е прв од таков вид.

Произведен е во јужнорејска компанија за роботика, на него работеле 30 инженери, а првите тестирања на роботот требало да се направат во вторник попладне.


„Нашиот робот е прв на светот со две нозе и е направен да работи во екстремно опасни зони, каде луѓето не можат да одат (незаштитени)“, рекол претседателот на компанијата Јанг Јин Хо.

Јанг, кој уште како дете мечтаел да направи свој робот, вели дека во проектот на производство на роботот вложил околу 200 милиони долари, како би му „дал живот на нешто што изгледа можно само во филмовите и цртаните филмови“.

 Според неговите зборови за роботот веќе се распрашуваат претставници од градежната индустрија за забава, и тоа најмногу за можности за развој со тешко утврдени демилитализирани зони од Северна Кореја.

Јанг најавува дека ќе бидат потребни години додека да почне да се движи слободно, а за продажба ќе биде подготвен во 2017 година, и цената ќе му биде околу 8,3 милиони долари.

Производството на роботи било предизвик и за инженерите поради неговите невидени размери. Роботот кој е дупло поголем од човек, е толку тежок што земјата се тресе кога прави чекори, а се слуша и силно бучење на мотор.

Управувачките места за седење во телото на роботот ги движат екстремитети кои го мрдаат Метод 2, и чии метални раце тежат по 130 килограми.

Засега останало нејасно како роботот ќе се користи, а Метод 2 се смета повеќе како помошно средство за различни видови и големини на роботи во иднина.

Еден од инжерите Виталиј Булгаров, кој работел на филмски серијали Трансформерс, Робокоп и терминатор, напишал на својот Фејсбук профил дека се што учеле за роботот може да биде применето на решавање на вистински светски проблеми.


Слично

Поврзани вести