Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

Украинскиот претседател Володомор Зеленски пристигна денеска во Купјанск, град за кој рускиот претседател Владимир Путин тврди дека е „под руска контрола“.

„Многу Руси зборуваа за Купјанск – можеме да го видиме резултатот. Јас бев таму, ги поздравив нашите момци. Ви благодарам на сите што се борат тука, на сите што го уништуваат окупаторот. Денес е исклучително важно да се постигнат резултати на фронтот за да може Украина да постигне резултати во дипломатијата. Така функционира: сите наши силни позиции во земјата – силни позиции во разговорот за завршување на војната. Му благодарам на секој војник! Горд сум на вас! Благодарен сум на сите наши копнени сили – денес е исклучиво ваш ден. Ви благодарам, момци“, порача Зеленски. 

Путин вчера објави дека зазеле уште еден украински град. 

Претседателот на САД, Доналд Трамп е „исклучително разочаран“ од Укрина и од Русија, изјави синоќа портпаролката на Белата куќа, Керолајн Левит.

Таа додаде дека Трамп е уморен од бесцелни средби и сака да види акција за завршување на војната.

Во февруари 2026 година ќе се навршат 4 години од почетокот на војната. 

фото Фејсбук/Володимир Зеленски


Слично

Поврзани вести