(ВИДЕО) Зеленски рече дека Русите се кукавици кои не сакаат да признаат пораз
Русите се кукавици, не сакаат да признаат пораз, вели украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Зеленски кажа дека Русија претрпела стратегиски пораз во Украина и дека тоа му е веќе очигледно и јасно на целиот свет. Им се заблагодари на медицинските сестри и болничарите кои ги спасуваат животите на украинските војници и додаде дека руските сили уништиле 570 здравствени објекти од почетокот на војната.
„Стратегискиот пораз на Русија веќе им е очигледен на сите во светот, па дури и на оние кои и понатаму комуницираат со неа. На Русија едноставно ѝ недостига храброст тоа да го признае. Тие се кукавици. Се обидуваат да се скријат зад ракетните, воздушните и артилериските напади. Затоа нашата задача е да се бориме додека не ги оствариме своите цели во оваа војна. Ослободете ја нашата земја, нашите луѓе и осигурете безбедност“, напиша тој на Фејсбук со видео-обраќањето.
фото Принтскрин
