Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ: Русија се меша за една балканска земја да војува против друга

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ:  Русија се меша за една балканска земја да војува против друга

Украина тврди дека Русија сака да го дестабилизира и Балканот. 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, вели дека ако западните држави и другите земји во светот не направат ништо, на Балканот ќе има нова експлозија. Зеленски ова го кажа на средба со 11 новинари од африканските земји.

„Обрнете внимание на Балканот. Верувајте, добиваме информации дека Русија има големи планови“, изјави Зеленски. 

Тој кажа дека тоа не е ништо ново.

„Има криза меѓу земјите од Балканот, а не е од вчера. Токму затоа Русија се меша таму, за една балканска земја да војува против друга. Русија е заинтересирана да го сврти вниманието и да помогне. Таму разлика е кога помагаш на една земја и кога таа помош и внимание треба да ја споделиш меѓу неколку од нив', кажа Зеленски. 

Вели дека сега Русите сакаат да ја дестабилизираат Молдавија, изборите да ги направат нелегитимни и да ја сменат проевропската влада. 

Кажа дека ако се случи замрзнат конфликт, нивните деца и внуци ќе треба да се борат.  Зеленски изјави дека неговата држава ќе продолжи да се бори додека не ги врати сите територии во границите од 1991 година, дури и доколку САД ја повлечат поддршката. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари лани. Инаку, Србија е една од ретките земји која не воведе санкции за Русија.  Дури руските политичари го пофалија и лидерот на босанските  Срби, Милорад Додик. 

Слично

Поврзани вести