Видео: Заврши заложничката драма во Малта, киднаперите го ослободија авионот
Двајца киднапери од Либија кои грабнаа авион на Африкаја Ервејс ослободија над 100 заложници меѓу кои патници и членови на екипажот и ги соопштија своите барања за нивните соборци во Бенгази да добијат безбеден премин од опасните зони.
Киднаперите се идентификувани како поддржувачи на ликвидираниот Моамер Гадафи и се членови на милитантната група Ал Фатах ал Џаџид. Откако ги ослободија сите 118 заложници од кои патници и членови на екипажот.
Полицијата на Малта го опколи авионот и специјалните единици беа подготвени за интервенција, но преговорите со киднаперите одеа во позитивна насока и заложничката драма има среќен крај.
Тие се се закануваа дека ќе активираат бомби во авионот кој слета во Малта доколку барањата не им бидат исполнети.
