(ВИДЕО) ЗАВРШИ ЗАЛОЖНИЧКАТА ДРАМА: Доведен е и таткото на напаѓачот за да преговара
Заврши заложничката драма во украинскиот град Харков, каде маж со бомба држеше во заложништво 11 луѓе во пошта.
Ослободени се сите заложници, по што киднаперот е уапсен.
Ова го изјави шефот на украинската полиција, Сергеј Књазев, а истата информација беше објавена и на Твитер профилот на претседателот на државата, Петро Порошенко.
Претходно, украинските медиуми објавија дека пет од единаесет заложници се ослободени – три жени и две деца.
Заложничката криза започна денеска кога неидентификуван човек со експлозив се забарикадирал во пошта во Харков, наводно незадоволен поради неодамнешната размена на заробеници меѓу украинските власти и проруските сили, затоа што според него требало да бидат ослободени повеќе затвореници.
Тој немал конкретни барања до полицијата, а во текот на преговорите со него, на местото на настанот бил доведен и неговиот татко.
