Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Заврши состанокот на вечните ривали: Вниманието на светот свртено кон средбата на Трамп и Путин

(ВИДЕО) Заврши состанокот на вечните ривали: Вниманието на светот свртено кон средбата на Трамп и Путин

Самитот на 20-те водечки економии во светот започна во Осака. Во рамките на форумот се планираат и неколку билатерални средби. Еден од најочекуваните настани беше средбата меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин.

Домаќинот Шинзо Абе, најави подобрувања на мултилатералниот трговски систем и преговорите за економска соработка.

На првиот ден од форумот беа одржани повеќе билатерални средби. Еден од нив беше меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега, Владимир Путин.

Одговарајќи на новинарско прашање, Трамп се сврте кон својот руски колега и му рече на шега да не се меша со изборите во САД, а Путин одговори со насмевка.

И додека лидерите на 20 водечки економии разговараат за клучните прашања, нивните сопруги, како и сопругот на британскиот премиер Тереза ​​Мај, Филип Мај, имаат придружна програма.


Фото БГНЕС

Видео Fox News 

Слично

Поврзани вести