Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Заврши најдолгиот пат на олимпискиот факел!

(ВИДЕО) Заврши најдолгиот пат на олимпискиот факел!
По поминати 65.000 километри, олимпискиот факел стигна во Сочи, местото на одржувањето на Зимските олимписки игри. Ова е најдолгото и најневеројатното патешествие на олимпискиот оган во историјата - факелот патуваше низ Северниот пол, беше спуштен во Бајкалското Езеро, го надлета највисокиот вулкан на светот на полуостровот Камчатка и беше во вселената, на Меѓународната вселенска станица. Илјадници луѓе го пречекаа факелот, кој во Сочи го внесе поранешниот одбојкарски репрезентативец на Советскиот Сојуз и освојувач на златен Oлимписки медал Владимир Кондра. http://www.youtube.com/watch?v=rydj-binIac Руските медиуми деновиве шпекулираат дека на стартот на Олимписките игри, олимпискиот оган ќе го запали познатата руска гимнастичарка Алина Кабајева, за која се тврди дека е љубовница на рускиот претседател Владимир Путин. Меѓу бројните спортски делегации од целиот свет, во Сочи веќе се вее и македонското знаме. Македонската делегација таму ја претставуваат тројца олимпијци - Дарко Дамјановски и Марија Колароска ќе се натпреваруваат во нордиско, а Антонио Ристевски во алпско скијање.
Слично

Поврзани вести