Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ЗАВРШИ ДРАМАТА ВО ПАКИСТАН: Спасени се сите осум лица од жичарницата

(ВИДЕО) ЗАВРШИ ДРАМАТА ВО ПАКИСТАН: Спасени се сите осум лица од жичарницата

Пакистанското Министерство за внатрешни работи соопшти дека сите лица се спасени од жичарницата која висела над пропаст на висина од 400 метри во северозападен Пакистан.

Пакистанското Министерство за внатрешни работи соопшти дека сите лица се извлечени од жичарницата која висеше над пропаст на висина од 400 метри, јави „Би-Би-Си“.

Спасувачката операција во која беа вклучени командоси од армијата на Пакистан е официјално завршена.

На жичницата утринава кога децата оделе на училиште пукнале жици, а внатре имало и наставник кој пријавил се и повикал помош. 

Жичарницата поврзува две населени места и има две сајли од кои едната пукнала.

Пакистанскиот премиер Анвар ул Хак Какани нареди веднаш да се затворат сите „истрошени и несоодветни жичарници“, соопшти неговиот кабинет.

Многу деца кои живеат во оддалечените и планински области на Пакистан користат жичарници за да стигнат до училиште, но некои од нив не се одржуваат редовно и може да бидат опасни за користење, наведува Си-Ен-Ен.


Слично

Поврзани вести