Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ЗАТВОРЕНИ УЧИЛИШТА И ПАТИШТА: Дождовите направија проблеми во Италија и Швајцарија

(ВИДЕО) ЗАТВОРЕНИ УЧИЛИШТА И ПАТИШТА: Дождовите направија проблеми во Италија и Швајцарија

Во Италија и Швајцарија имаше обилни дождови. 

Затворени се патиштата, а има и прекини во снабдувањето со електрична енергија во југозападна Швајцарија. Дождот предизвикува проблеми и во северна Италија. Зермат, популарен алпски ски-центар на југот на земјата на границата со Италија, е отсечен. Телевизиската станица СРФ објави дека во регионот наврнале 55 сантиметри снег, а 100 сантиметри се забележани на превојот Голем Сент Бернард југозападно од Зермат.

Властите во Ситен, главниот град на кантонот Вале, ги затворија сите патишта за автомобили и пешаци и ги повикаа луѓето да останат дома. Училиштата се затворени. 

Многу реки во северна Италија се излеаја од коритата по обилните дождови во регионот, а властите ги затворија областите и патиштата во близина на реките. Северозападниот регион Пиемонт, со главниот град Торино е под вода. 


И минатиот месец, поплавите направија хаос во Италија и тогаш имаше затворени училишта. 

Слично

Поврзани вести