(ВИДЕО) ЗАТВОРЕНИ СЕ ТРИ ПЛАЖИ ВО ШПАНИЈА: Ајкули ги исплашија туристите
Ajкули ги исплашија туристите во Шпанија. Се работи за три плажи.
Уште еден инцидент со ајкула го потресе туристичкото место Гран Канарија. Поради тоа плажите беа затворени, а капачите добија инструкции да излезат од водата. Ситуацијата стана уште позагрижувачка кога турист пријавил дека видел перки од ајкула на плажата Сан Аугустин, што доведе до подигнување на црвено знаме и на таа плажа.
Полициски дрон вчера попладне сними ајкула како плива блиску до брегот, што предизвика итно затворање на плажата. Снимките од дрон покажаа дека ајкулата е долга околу три метри.
Лани во Египет, ајкула изеде руски турист. Претходно во 2022 година, две странски туристки настрадаа во истата земја од ајкули. Во 2018 година, чешки турист настрада од ајкула во Египет.
