Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ЗАТВОРЕНИ АЕРОДРОМИ, СЕ ЗАПАЛИЈА ЗГРАДИ ВО МОСКВА: Една жена загина во украинските напади со дронови

(ВИДЕО) ЗАТВОРЕНИ АЕРОДРОМИ, СЕ ЗАПАЛИЈА ЗГРАДИ ВО МОСКВА: Една жена загина во украинските напади со дронови

Најмалку едно лице загина во украински напади врз Русија. 

Русија соопшти дека нивните одбранбени сили собориле најмалку 144 украински беспилотни летала кои таргетирале разни градови во државата. Најмалку една жена е убиена во нападите, станбени згради во Москва се запалиле и летови од неколку аеродроми во Москва биле откажани, пренесува Би-би-си.

Гувернерот на Москва, Андреј Воробјов, изјави дека неколку станови се запалени во две високи станбени згради во Раменскоје во Московската област. Информираше дека 46-годишна жена загинала и дека три лица се здобиле со повреди во Раменскоје. Дополнително, 43 лица се евакуирани во центри за привремено сместување.

Според руското Министерство за одбрана, околу половина од 144 беспилотни летала таргетирале цели во западниот пограничен регион Брјанск, 20 во Москва и 14 во регионот Курск.

Украинските воздушни сили соопштија на Телеграм дека собориле 38 од 46 руски беспилотни летала кои ја напаѓале територијата на Украина. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година. 

фото социјални мрежи


Слично

Поврзани вести