(ВИДЕО) ЗАТВОР ЗА ПОЛИТИЧКИ ЗАТВОРЕНИЦИ: Израелската армија го нападна Евин во Техеран
Израелската армија го нападна озлогласениот затвор Евин во главниот град на Иран, Техеран, објави денеска кабинетот на министерот за одбрана, Израел Кац.
Канцеларијата соопшти дека нападите биле насочени кон затворот „за политички затвореници и за противници на режимот“, заедно со „неспоредливи“ напади врз понатамошни „цели на режимот и органи на државна репресија во срцето на Техеран“.
Затворот е озлогласен со децении како место на сериозни кршења на човековите права против политичките дисиденти.
We warned Iran time and again: stop targeting civilians!
— Gideon Sa'ar | גדעון סער (@gidonsaar) June 23, 2025
They continued, including this morning.
Our response:
Viva la libertad, carajo!@JMilei pic.twitter.com/pVdlWvCDqQ
Како што пренесоа иранските медиуми, затворските власти во Техеран го потврдија нападот врз Евин.
Израел го напаѓа Иран повеќе од една недела. САД се приклучија на конфликтот вчера со напади врз 3 објекти, поврзани со нуклеарната програма на Иран.
Иран испали нова серија ракети кон Израел. Сирени за воздушен напад прво се огласија на север, а потоа и во централните делови на Израел, вклучувајќи го и Ерусалим.Четиричлено семејство утре треба да биде евакуирано од Израел. Како што соопштува Министерството за надворешни работи, мајка заедно со три деца ќе бидат пренесени со лет од Тел Авив до Атина, со што од Израел ќе бидат евакуирани вкупно 25 македонски граѓани.
