Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ЗАТВОР СО 5 ЅВЕЗДИ: Најбогатиот Арап пред пуштање на слобода го покажа животот во златниот кафез

(ВИДЕО) ЗАТВОР СО 5 ЅВЕЗДИ: Најбогатиот Арап пред пуштање на слобода го покажа животот во златниот кафез

Саудискиот принц Алвалид бин Талал, кој важи за еден од најбогатите Арапие пуштен на слобода од хотелот Рич Харлтон во Ријад, каде со голем број на некогаш први луѓе на државата е затворен поради обвиенија за корупција.

Талал е пуштен од луксузниот притвор само неколку часа бидејќи во интервју за Ројтерс, кое го дал во хотел во Ријад, изразил очекување дека ќе биде ослободен од обвинението, и дека на слобода ќе биде во наредните денови.

Тој новинарите ги спроведе низ просториите на својот „Луксузен затвор“ во кои престојувал неколку месеци.

„Ова се мои патики. Тоа ми е за вежбање“, рекол смеејќи се кон камерата.

Ги покажал и просториите со скапоцен мебел, трпезарија со голема маса, богато опремена, но сепак веганска, кујна...


Тој тврди дека против него нема обвиненија.

„Се работи само за преговори кои ги водиме Владата и јас. Бидете уверени дека кај нас е се чисто“, рекол тој.

Овде се е во ред, знаете јас вежбам, пливам,шетам, имам храна согласно својата исхрана, така да се е во ред. Овде ми е како дома,му се јавувам на семејството секој ден, имам своја канцеларија“, изјавил милијардерот.

Тој рекол дека е во прашање неспоразум со владата и дека се ќе биде наскоро во ред.

Изгледа така на крај и се случило. Пуштен е на слобода, а се претпоставува дека скапо платил. Многумина кои се уапсени со него заедно пред два месеци, морале да „донираат“ голем дел од своето богатство за владата.

Слично

Поврзани вести